Промени тема
Контакт

Спречен увоз на 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1utdbj34k1ql5vkxb41
Photo by engin akyurt on Unsplash

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над дозволените концентрации.

— реклама —

Станува збор за две пратки со вкупна тежина од 27.520 килограми, кои биле задржани на граничниот премин Блаце. Млекото било наменето за продажба во синџир маркети во земјава, но по утврдувањето дека не ги исполнува безбедносните услови, не било пуштено на домашниот пазар.

— реклама —

Небезбедните количини, под надзор на официјален ветеринар, биле нештетно уништени на депонијата „Дрисла“.

Од АХВ информираат дека мострите биле земени како дел од Мониторинг-програмата за пратки со храна од животинско потекло што се увезуваат во земјава.

— реклама —

Агенцијата на 17 јули донела и решение со кое се воведуваат посебни безбедносни мерки при увоз на млеко и млечни производи, како и производи што содржат згуснато млеко или млеко во прав. Со мерките се засилени контролите и задолжителните лабораториски испитувања при увозот.

— реклама —

Од АХВ велат дека целта е на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи, но и да се обезбедат фер услови за домашните производители и заштита на потрошувачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi46i6d4v51r434jQvkf

Отстранети диви тезги кај Бит-пазар, запленети околу 500 килограми храна

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarydbm4d580ecumfi8sk1j

Светски ден на беснило: АХВ со апел за задолжителна вакцинација и микрочипирање на милениците

Македонија | пред 6 дена

media-libraryjk9rir0os10f9Y0nPkV

Засилени контроли на сладоледот и мразот: Уништени 202 килограми небезбедни производи, изречени 45 казни

Македонија | пред 1 седмица

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ ги демантира тврдењата за отворени јами: „Секоја веднаш се затрупува и дезинфицира“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања