Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Спротивно на законот, Ковачевски во ИО именува членови за декан и продекан, вели Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-41234

СДСМ застана во одбрана на кршење на закони и криминално работење, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

“Или Бисера Костадиновска Стојчевска потпретседател на СДСМ не си ги знае статутот и функциите во партијата, односно дека членовите на ИО се високи функционери во највисоко партиско тело, а не советници, или вчера се обиде да направи груба манипулација и да ја излаже јавноста.

— реклама —

Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, ИО го претстави како советодавно тело, деградирајќи ги функциите на членовите на ИО, додека во статутот на СДСМ, инаку надополнет во мај лани, документ доставен до Централниот регистар и до Судот, јасно стои членот 33 којшто определува какви функции има ИО, дека е политички орган којшто ја гради политичката волја на партијата, со високи внатрешни овластувања за именувања и разрешувања. Членови на ИО не се советници како што Бисера нагласува, напротив се високи партиски функционери со определена функција и овластувања во партијата.

Почитувани,

Спротивно на законот за високото образование, пиунот Ковачевски во ИО именува декан и продекан за негови членови.

— реклама —

Со тоа, професорите Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, Ана Данева Маркова продекан од медицинскиот факултет се поставени и прифатиле високи партиски функции, спротивно на законот за високо образование.

Ковачевски уште не седнат на „Илинденска” не види сметка за законите; а ниту професори декан и продекан на факултети не си поднесуваат оставки веќе четврти ден или било каква морална одговорност за тоа.

— реклама —

Наспроти вистинска реакција, Бисера Костадиновска Стојчевска потпретседателка на СДСМ, вчера повторно го облече скафандерот за лаги и манипулации во одбрана на заевизмот, изнесувајќи невистинити тврдења во одбрана на кршењето на Законот за високо образование, донесен од СДСМ.

Почитувани,

Образованието во Македонија тоне, а врвот на СДСМ го следи Заев и заевизмот и не ги почитува ниту сопствените закони, ниту пак сопствените документи во партијата.

— реклама —

Инсистираме на почитување на законот, СДСМ од ИО да ги разреши Ралев и Данева Маркова, а тие да се повлечат од позициите во високообразовните институции како морален чин.

Истовремено, бараме извинување и оградување од СДСМ од обидот на Бисера Костадиновска Стојчевска – потпретседател на СДСМ да ја лаже и манипулира јавноста“, додава Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања