„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Спроведена вежба за справување со пожар во Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Охрид
policija-brod

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека е успешно реализирана заедничка вежба со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, во која биле вклучени повеќе полициски единици.

— реклама —

„Имаме убава вежба која ја одработивме со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст. Вклучени се повеќе полицајци од повеќе единици, презентиравме како би се справиле, со не дај Боже, пожар доколку би настанал во водите на Охридското Езеро“, изјави Тошковски.

Целта на вежбата, како што нагласи министерот, е зголемување на подготвеноста и координираноста на сите надлежни служби во случај на интервенција во водена средина, со особен фокус на превенција и брза реакција при евентуални пожари во и околу Охридското Езеро.

— реклама —

„На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“. Во вежбата активно учество зема Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Секторот за 112 и Секторот за операции и координација. Секторот 112 ја прими пријавата за настанот, по што следеше координирана комуникација со сите инволвирани субјекти во Системот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација. Покрај ЦУК, во симулацијата активно беа вклучени и:

• Капетанијата на пристаништата,

• Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид,

• Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид,

• Дирекцијата за заштита и спасување,

• Црвениот крст на Охрид,

• Итната медицинска помош Охрид.

Оваа симулациска вежба е уште еден значаен чекор во зајакнувањето на интеринституционалната соработка и зголемување на подготвеноста за справување со кризни ситуации во заедницата“, велат од Центарот за управување со кризи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања