Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Спсовски: Правиме анализи дали ќе се оди со јавно-приватно партнерство, дали ќе се користи „SafeCity“ или ќе се набавува нов софтвер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
oliver-spasovski-4

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека МВР има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот, но Министерството во моментов прави анализи дали набавката ќе биде преку јавно-приватно партнерство, дали ќе се искористи системот „SafeCity“ или пак ќе се набавува нов софтвер.

— реклама —

-Ако зборуваме за тоа дали има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот при кој ќе нема човечки фактор ќе одлучува, да, има потреба. Оставката и кои се побудите за тоа не сакам да коментирам, бидејќи тоа е лична одлука. Работевме многу да направиме план во кој ќе има резултати за зголемување на безбедноста. За 23 проценти е намален бројот на сообраќајни незгоди. Со овие физички сообраќајни контроли, се намали бројот на сообраќајки со тешки последици. Вториот дел е како сето ова да се подобри. Затоа е важно софтверско решение, да преку камери овозможиме контрола при која нема да има човечки фактори. Ние правиме анализи дали ќе се оди со јавно-приватно партнерство, дали ќе се користи „SafeCity“ или ќе се набавува нов софтвер. Набавката направена во Владатa не е набавка направена по нарачка на МВР. Според тоа што е направено нарачателот е Генералниот секретаријат на Владата. Се води постапка за овој случај и институциите ќе испитаат и тоа е важно, вели Спасовски.

 

— реклама —

извор: Канал 5

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања