Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Squid Game“ предизвика загриженост за влијанието врз тинејџерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
10037083826164073176b9c644372708_v4_big

Глобалниот феномен „Squid Game“ предизвика загриженост кај некои училишта во Велика Британија поради влијанието што серијата го има врз тинејџерите, а директорите апелираат до родителите да им забранат да го гледаат овој хит на „Нетфликс“.

Причината за тоа е што некои ученици почнале да имитираат сцени и ликови од серијата, и да учествуваат во разни предизвици, ризикувајќи сериозни повреди, пишуваат британските медиуми.

— реклама —

Во серијата, натпреварувачите се борат за голема парична награда, а за да ја освојат, треба да играат одредени игри. Игрите се навидум обични детски игри, познати во Кореја, но и низ целиот свет. Меѓутоа, оној што губи-умира.

Според „Индипендент“, тинејџерите почнале разни предизвици. Победниците, исто како и во серијата, добиваат одредена сума пари, а губитниците се изложени на сериозни физички повреди.

— реклама —

Основното училиште „Џон Бремстон“ во Илфорд испрати писмо до родителите во кое изразува загриженост за малите деца кои учествуваат во овие видови предизвици.

Истиот проблем се случил во училиште во Кент.

Серијата е означена како забранета за деца под 15 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања