Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Србија добива нов ветропарк од 140 милиони евра, ќе произведува струја за над 40.000 домаќинства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-librarymbd0p69i90bn203ObZD
unsplash

Ветропаркот „Пупин“ во Ковачица, Србија, треба да биде отворен на 15 октомври, а се очекува годишно да произведува до 220 гигават-часови електрична енергија, доволни за снабдување на повеќе од 40.000 домаќинства.

— реклама —

Станува збор за инвестиција вредна 140 милиони евра, реализирана како резултат на долгорочното партнерство меѓу израелската компанија „Енлајт ринјуабл енерџи“ и домашната компанија „Њу енерџи солушнс“.

— реклама —

Свеченото отворање е закажано за 13 часот, а на настанот се најавени претставници на Министерството за рударство и енергетика, локалната самоуправа, дипломатскиот кор, како и компаниите и институциите вклучени во проектот.

Ветропаркот се наоѓа во југозападниот дел на Банат, на територијата на Општина Ковачица, меѓу населените места Ковачица, Падина и Дебељача.

— реклама —

Проектот предвидува поставување најмногу 16 ветерни турбини, со поединечна моќност до 5,9 мегавати и вкупна инсталирана моќност до 94,4 мегавати.

— реклама —

Покрај турбините, предвидена е изградба на придружната инфраструктура, вклучително и пристапни површини и кабелска мрежа. Планирана е и реконструкција на околу 20 километри полски патишта, додека приклучувањето на преносната мрежа ќе се изврши преку постојната трафостаница на ветропаркот „Ковачица“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

По повтореното гласање на 53 избирачки места во Србија, Студентската листа освои 53 отсто од гласовите, листата на Вучиќ доби 38,98

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
policija-srbija

Двајца високи полициски началници во Србија задржани до 48 часа, обвинителот: Апсењето нема врска со изборите

Свет | пред 22 часа

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Прислушувани обвинители во Србија: БИА ги следела истрагите за случајот „Натстрешница“

Свет | пред 23 часа

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.29

Две години од уривањето на настрешницата во Нови Сад: Помен за загинатите, студентите организираат комеморација

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања