„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Србин наместо на одмор во Охрид, завршил 23 дена во кумановскиот затвор, - бил уапсиле по грешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Српскиот државјанин Д.М. (52), раселено лице од Приштина, кој по налог на УНМИК бил уапсен во Македонија на 7 јули годинава за наводно воено злосторство извршено на Косово, беше ослободен денеска откако пристигнаа докази дека станува збор за грешка, објави Вечење новости.

— реклама —

Како што изјави неговиот адвокат, Илија Поп Костов за Косовоонлајн, неговиот клиент бил уапсен поради замена на идентитет, односно имал исто име и презиме со лицето барано за воени злосторства.

– Тој беше незаконски приведен и од денеска е на слобода по одлука на судијата за претходната постапка, а по барање на јавниот обвинител. Утврдено е дека погрешно лице е уапсено, а притворот веднаш е укинат и тој е ослободен, рече Поп Костов.

— реклама —

Д.М. бил уапсен откако ја поминал границата, кога заедно со сопругата заминале на одмор во Охрид. Потоа му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурен судија, тој беше однесен во затворот во Куманово.

Адвокатот Поп Костов барал неговиот клиент да биде ослободен, додека Д.М. самиот ги негираше сите обвинувања од обвинениете во кое вистинскиот Д.М. е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања