Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Србин се обидел да украде автомобил - поднесено обвинение за обид за тешка кражба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

krazba-na-kola-701x466

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, 37-годишен државјанин на Република Србија, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат туѓ подвижен предмет – автомобил.

— реклама —

Притоа на наведената адреса дошле со возило – караван со српски регистарски ознаки. Обвинетиот излегол од возилото и со употреба на подесен предмет (штрафцигер) го скршил задното десно стакло на патничко моторно возило Ренџ Ровер, сопственост на правно лице, кое било паркирано во близина. Потоа влегол во автомобилот и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал обвинетиот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари.

— реклама —

Бидејќи постојат околности кои и натаму укажуваат дека обвинетиот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања