Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Србинот кој беше фрлен во море поради маица на Црвена звезда, заврши во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library5u3g601o3at0cFS1heX
Илустрација / Скопје1

Државјанин на Србија од Нови Сад, кој пред два дена во Макарска заврши во море по конфликт поради маица на Црвена звезда, е задржан во сплитскиот затвор, пишува „Далматински портал“.

— реклама —

Општинскиот прекршочен суд му одреди 14 дена задржување во Билице, откако полицијата утврдила дека преку својот профил на Фејсбук го нарушувал јавниот ред и мир.

— реклама —

Полицијата наведува дека во една објава го величел Ратко Младиќ, правосилно осуден за геноцид и воени злосторства, додека во друга ја навредувал Хрватска и нејзините граѓани. Против 49-годишникот е поднесена пријава за два прекршоци според член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а полицијата предложила казна од 15 дена затвор.

— реклама —

Истиот маж претходно учествувал во инцидент во Макарска. Според наводите на полицијата, 43-годишник побарал од него да ја соблече маицата на Црвена звезда. Откако тој одбил, 43-годишникот го турнал во море.

Полицијата набрзо го пронашла осомничениот за нападот и го пријавила за нарушување на јавниот ред и мир. По испрашувањето во судот, тој бил пуштен на слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Амбасадорката на Израел по нападот во Белград: „Шокирани сме, ова е закана за сите нас“

Свет | пред 34 минути

— реклама —
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Дојава за бомба во судот во Нови Сад, евакуирани сите вработени

Балкан | пред 1 час

media-library8k3o7k1ql4ip6YRCPKq

Малолетникот кој нападна жандарм во Белград во мај бил уапсен во Минхен под сомнение дека подготвувал терористички напад, а во јули бил депортиран во Србија

Балкан | пред 2 часа

media-library8k3o7k1ql4ip6YRCPKq

Србија го подигна нивото на терористичка закана на највисоко: Малолетник со два ножа нападна жандарм пред израелската амбасада во Белград

Балкан | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања