Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Србинот кој за малку ќе испаднеше од авион ќе ги тужи „Рајанер“, „Боинг“ и „Џенерал електрик“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Свет
media-library91ao9meerju69DKSvnn
screenshot instagram

Српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој за малку ќе испаднеше од авион на „Рајанер“ поради пукање на прозорецот за време на летот, ќе поднесе тужби против три компании – „Рајанер“, „Боинг“ и „Џенерал електрик“.

— реклама —

Според српските медиуми, Каровиќ и неговиот правен тим, предводен од грчки адвокат, веќе ангажирале и американска адвокатска канцеларија специјализирана за авионски несреќи. Постапките против „Боинг“ и „Џенерал електрик“ ќе се водат во САД, додека сè уште не е познато каде ќе се води спорот против „Рајанер“.

— реклама —

Случајот сè уште е во фаза на истрага, а судската постапка не е започната. Се очекува Каровиќ да води повеќегодишна правна битка за надомест на физичката и психичката штета што ја претрпел.

— реклама —

Инцидентот се случи на 10 јули, кога за време на летот од Солун кон Меминген се откачи дел од моторот, кој го скрши прозорецот до седиштето на Каровиќ. Поради наглата декомпресија, тој за малку ќе беше извлечен надвор од авионот, а го спасиле безбедносниот појас и останатите патници, кои го држеле сè додека леталото принудно не слетало.

— реклама —

Иако повредите на рацете и рамената речиси целосно заздравеле, Каровиќ и натаму чувствува болки во вратот, а психичките последици од несреќата сè уште се изразени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања