Американци се степале со прилепчанец во центарот на Скопје.
Во 02.50 часот по полноќ на подрачјето на Центар, полицајци од СВР Скопје ги привеле Д.Ј.Д.(21), Б.Б.Л.(26), двајцата од САД и Н.Ј.(25) од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со тепачка. Во тепачката како што соопшти полицијата учествувале уште неколку лица. Направени се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.