Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Средба Андоновски - Гавковски: Договорена засилена соработка меѓу Македонија и Полска во дигиталната трансформација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Stefan-Andonovski-26.01.2024

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на учеството на 33-тото издание на Економскиот форум во Карпач, Полска се сретна со домаќинот, Потпретседателот на Владата на Полска и Министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски. Двајцата министри разговараа за можностите за интензивна соработка меѓу Македонија и Полска во областа на дигиталната трансформација.

За време на средбата, министерот Гавковски го презентираше полското искуство во однос на дигитализацијата на владините услуги и во тој контекст ја нагласи импресивната трансформација на Полска, особено во врска со употребата на отворени податоци. Министерот Андоновски се осврна на овие постигнувања како позитивни искуства, кои Република Македонија може да ги искористи од Полска, при развојот на сопствените дигитални услуги.

— реклама —

Двајцата министри разговараа и за предизвиците поврзани со задржувањето на професионалците од ИТ секторот во државната администрација, при што размениja мислења околу можни решенија за задржување на висококвалификувани кадри во јавниот сектор, што е од клучно значење за успешна дигитална трансформација.

Во контекст на можностите за надворешно финансирање, Андоновски и Гавковски ги разгледаа потенцијалните извори на финансиска поддршка, особено од Европската Унија, за поддршка на дигиталната агенда во двете земји. Вицепремиерот Гавковски ја истакна подготвеноста на Полска да помогне во максималното искористување на меѓународните фондови во изградбата на силен дигитален систем.

— реклама —

„Македонија има амбиција да стане дигитален центар во регионот. Соработката со искусни партнери како Полска и приватните инвестиции во ИТ секторот, ќе ни помогнат да ги постигнеме овие цели, подобрувајќи ги услугите за граѓаните, зајакнувајќи ја економијата и градејќи подобар меѓународен имиџ на нашата земја", истакна министерот Андоновски.

— реклама —

Двајцата министри се договорија да ја интензивираат соработката во областа на дигиталната трансформација во иднина, разменувајќи идеи и добри практики за модернизација на јавниот сектор. Гавковски го покани Андоновски да биде говорник на министерскиот состанокот за дигитална дипломатија на високо ниво кој ќе се одржи во мај, во рамки на полското претседателство со ЕУ. Беше договорена и мешовита владино-економска посета на Македонија која ќе значи отворање на македонската економија кон крупните полски инвестиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeku0c0k4jt57c1i9CLw

Андоновски: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновси: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Македонија | пред 1 месец

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања