Промени тема
Контакт

Средба Бубевски-Тупанчески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
unnamed

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски оствари средба со министерот за правда д-р Никола Тупанчески.

— реклама —

На средбата се разговараше за потребите на Основното јавно обвинителство Скопје, како обвинителство со најголем обем на предмети во државата. Од тој аспект беа разгледани можностите за техничка поддршка за опремување на истражниот центар во ова обвинителство и за ставање во функција на судницата во КПУ Затвор „Идризово“.

— реклама —
— реклама —

Бубевски и Тупанчески дискутираа и за динамиката на активности на работните групи кои го подготвуваат новиот Кривичен законик и на измените во Законот за кривична постапка. Во тој контекст беше нагласено дека се очекува новите законски решенија да бидат доставени во собраниска процедура до крајот на годинава.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања