Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши со новоименуваниот амбасадор на Република Турција Н.Е. Фатих Улусој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
2-2

Денеска, (29.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција Н.Е. Фатих Улусој.

— реклама —

Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција, со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.

— реклама —

На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на министерството за внатрешни работи, за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.

— реклама —

Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот Договор за соработка во областа на безбедноста кој е во фаза на заемно усогласување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_4476

Средба на министерот Буши со делегација на МВР на Република Косово

Македонија | пред 1 година

Fotografija-Nazim-Bushi

Синот на Назим Буши е фатен во незаконски дела и пуштен е на слобода, Спасовски го крие случајот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања