„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Средба на претседателот Пендаровски со италијанскиот претседател Серџо Матарела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Рим оствари средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

— реклама —

На средбата, двајцата претседатели разговараа за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што нагласија дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба.

— реклама —

Тие го истакнаа и одличниот и континуиран политички дијалог којшто може да придонесе за зајакнување на трговската и економската соработка.

Соговорниците разговараа за најновите случувања поврзани со почетокот на пристапните преговори на нашата држава за членство во Европската Унија, при што претседателот Пендаровски изрази задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија во однос на нашите евроинтеграции.

Претседателите Пендаровски и Матарела констатираа дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет и порачаа дека е неопходно што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

По средбата претседателот Пендаровски даде изјава за медиумите во која посочи дека имаме целосна поддршка од Италија, не само за Северна Македонија, туку за целиот Западен Балкан. Претседателот Матарела ќе се заложи евроинтегративните процеси да се интензивираат, рече претседателот Пендаровски по средбата со италијанскиот претседател.

Претседателот Стево Пендаровски, утре - 27 мај 2021 година, четврток, ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил, а во попладневните часови, претседателот Пендаровски заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

фото: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања