Промени тема
Контакт

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Собранието на Црна Гора, Алекса Бечиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-4

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Алекса Бечиќ, претседател на Собранието на Црна Гора.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на севкупните билатерални односи засновани на традиционално пријателство, почит и разбирање и беше реафирмирана цврстата определба на двете држави за зајакнување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската сфера во која постои голем потенцијал.

— реклама —

Двајцата соговорници нагласија дека двете држави споделуваат идентични надворешно-политички цели и визии, а со сојузништвото во НАТО Алијансата значително придонесуваат во обезбедувањето на траен мир, стабилност и просперитет на целиот регион.

— реклама —

Истакнувајќи ја потребата од натамошно интензивирање на меѓупарламентарната соработка, претседателот Пендаровски потенцираше дека Северна Македонија високо ја цени можноста за размена на искуства со Црна Гора во насока на остварување на заедничката стратешка определба, членството во Европската Унија.

— реклама —

Во тој контекст, осврнувајќи се на претстојниот Совет за општи работи на Европската Унија, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста интеграцијата на земјите од Западен Балкан да биде третирана како една од клучните стратешки и геополитички приоритети во рамки на Унијата, како дополнителен поттик за реформските процеси во нашите држави

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања