Средба на претставници на „Стар Лагадин со премиерот - ќе има ли трајно стопирање на градењето на дивоградбата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lagadin

Претседателот на Владата Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска прими делегација на Здружението на граѓани „Стар Лагадин“, кои на средбата ги изнесоа ставовите за изградбата на хотелот, како и загриженоста од заканата од оваа градба за заштитениот појас на Охридското Езеро.

— реклама —

Во разговорот, претставниците на здружението „Стар Лагадин“ изразија надеж дека одлуката на в.д. градоначалникот на Општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотелот, овој пат ќе биде трајна, бидејќи, како што велат тие, во донесувањето на одобрението за градба имало повеќе прекршувања на постапките.

Премиерот Заев на средбата истакна дека, тргнувајќи од принципите за заштита на природното и културно-историското богатство на Охрид и на Охридското Езеро, впишани во Листата на светско наследство на УНЕСКО, неопходно е да се почитува одлуката на в.д градоначалникот и на советниците на Општина Охрид за запирање на градбата, и дека во меѓувреме ќе се бара правната основа за трајно решавање на ова прашање.

— реклама —

Во разговорот, во кој активно учествуваше и министерот за транспорт и врски Сугарески, беше речено дека, во рамките на надлежностите на министерството и на локалната самоуправа, конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање којшто е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања