Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Средба Спасовски-Брнз, разговараа за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03

Денеска министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз, на која се разговараше за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството. Министерот Спасовски се заблагодари за техничката поддршка што МВР ја добива од амбасадата на САД, што многу придонесува за успешни резултати во работата на полицијата. Амбасадорката Брнз го истакна значењето на неодамнешните акции во борбата со криминалот.

— реклама —

Двајцата соговорници разговараа за техничката помош која Амбасадата на САД во Скопје континуирано ја дава на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите на полицијата преку програмите ИЦИТАП и АТА. Во изминатите три децении, МВР и Амбасадата на САД соработуваа со цел да се постигнат заедничките цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и обезбедување техничка и форензичка поддршка за конкретни случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на МВР. Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и можност за истраги и гонење на корупција, тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал.

Министерот Спасовски и амбасадорката Брнз ја потенцираа одличната соработка, која и во иднина ќе продолжи со засилен интензитет, во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.

— реклама —

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања