Промени тема
Контакт

Средба Тупанчески – Гир: Спроведувањето на реформска агенда останува наш приоритет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
image00005

Денес министерот за правда Тупанчески оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, на која разговараа за состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Министерот ги презентираше и следните чекори и приоритети на Министерството за правда во однос на владеењето на правото, почнувајќи со функционален преглед на правосудниот сектор, зајакнувањето на капацитетите на правосудниот систем, борбата против организираниот криминал и корупцијата, најавувајќи подготовка на нова Стратегија за реформа во правосудниот систем 2023-2027.

— реклама —

-Свесни сме дека новата методологија дополнително ја нагласува важноста на реформите на владеењето на правото за процесот на пристапување и подготвени сме да продолжиме со важни чекори на тој пат, рече министерот Тупанчески.

— реклама —

Шефот на делегацијата на ЕУ, Гир го потврди напредокот во Извештајот на Европската Комисија за земјава и потенцираше дека сме на добар пат во постигнување на целта за градење на професионално и независно судство. Гир ја истакна важноста на спроведените активности во изминатиот период во полето на подобрување на нормативно-правната рамка, но и дека мора да се посветиме на обезбедување на квалитетна имплементација на овие закони, со цел гарантирање на независно и ефикасно судство, како и промена на перцепцијата кај граѓаните за македонскиот правосуден систем.

— реклама —

Делегацијата на ЕУ предводена од евроамбасадорот Гир ги поздрави реформските чекори и ја истакна максималната поддршка за евроинтеграцискиот процес, продолжување на соработката и обезбедување помош за спроведување на клучната реформска агенда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања