Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Средба Заев - Брнз: Политиките на дијалог отвораат перспективи, САД со поддршка за следниот чекор во евроинтеграциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
26052021_PVRSM_sredba_USAmb-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Кејт Брнз, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја.

На состанокот е реафирмирано партнерството меѓу Северна Македонија и САД, a истакнати се и пораки за континуиран напредок во реформите и во борбата против корупцијата.

— реклама —

Констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се заинтересирани за позитивни процеси во регионот.

— реклама —

Во таа насока е пренесена поддршка од САД за натамошен напредок на Северна Македонија, по НАТО - и во процесот на европските интеграции. При тоа е изразена заедничка согласност дека е време да продолжи проширувањето на ЕУ, коешто ќе значи охрабрување за целиот Западен Балкан, заедно со НАТО перспективите, државите од регионот да продолжат да се развиваат според демократските вредности.

— реклама —

Премиерот Заев се заблагодари на големата поддршка од САД, како клучен стратешки партнер во развојот и во демократизацијата на Северна Македонија и најави дека нашата држава и натаму ќе дава аргументи за да продолжи поддршката од САД и од меѓународните пријатели.

„Фокусирани сме кон позитивен развој на настаните во врска со следниот чекор во евроинтеграциите, како и кон развојот на добрососедските односи со Бугарија. Продолжуваме и со реформското темпо, како и со борбата со криминалот и корупцијата. Владата е цврсто определена кон поддршка на независноста на судството и еднаквост на секого пред законите. Со смирувањето на пандемијата очекуваме засилување на темпото на големиот инвестициски план што го имаме, а чијашто цел е унапредување на животниот стандард на граѓаните на економски план и според европските вредности“, рече премиерот Заев.

На состанокот е поздравена определеноста на Владата кон успешно справување со криминалот и корупцијата. Исто така, заеднички е оценето дека е важно сите политички субјекти да дадат свој придонес во Парламентот, за прашањата од полза на граѓаните.

„Градењето консензус и политичкиот дијалог се здрави за секое демократско општество и како земја членка на НАТО и држава којашто има за цел да стане членка на ЕУ, силно сме посветени на ваквиот начин на работа“, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано и за можностите за унапредувања на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија, во областа на здравството, енергетиката, економијата, како и за подготовките за претстојните локални избори во нашата држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања