Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Средношколците на распуст, основците на настава до 17 јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
skolo-4

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела.

— реклама —

Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци.

-Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена законска обврска за точен број работни денови. Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст, заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни. Тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме, рече пред два месеца министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

— реклама —

И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024.

Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули.

На полуматурантите, пак, овој месец им претстои запишување во средно образование. Пријавувањето и запишувањето на учениците во јунскиот уписен рок ќе биде во две пријавувања. Според Конкурсот за запишување во средно образование, првото електронско пријавување ќе биде од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања