„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Средношколците од Тетово на протест поради аерозагадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Со извикување на паролата „Чист воздух“ и транспаренти со натписи „Стоп на аерозагадувањето“... дел од тетовските средношколци денеска преку мирен протест го изразија своето незадоволство од како што  велат непреземањето никакви мерки од локалната власт за подобрување на состојбите со загадувањето на воздухот.

— реклама —

Тие и дадоа на градоначалничката Теута Арифи рок од седум дена да донесе мерки и препораки против аерозагадувањето. На денешниот мирен протест пред општината искажаа револт за несериозноста и незаинтересираноста на надлежните, за решавање на еден од најважните проблеми.

— реклама —

Иако најавено, на денешниот протест, не се собраа сите средношколци од градот. Учениците тврдат дека имаат големи притисоци да се откажат од бојкот на наставата, но велат ќе одат до крај. Жалат што немаат поддршка од нивните професори.

Градоначалничката Теута Арифи, додека траеше протестот не беше во општината. Остана недостапна и за медиумите, и за да ги слушне барањата на учениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања