„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Средношколка позитивна на корона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
skolo-4

Во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје, средношколка од трета година е позитивна на ковид-19. Дека во ова училиште има позитивен ученик ни потврди и директорот на училиштето Андреј Манолев, кој вели дека се работи за ученичка од трета година и додава дека за сега од 1.170 ученици официјално потврден позитивен на ковид-19 е само еден, објави МКД.

— реклама —

– Во класот во кој учела позитивната ученичка има вкупно 34 ученици, а за тоа кој ќе оди во изолација ќе одлучуваат епидемиолозите – вели Манолев.

Денес се прават епидемиолошките анкети на учениците, по што ќе биде кажано дали сите ученици или само оние кои седеле до ученичката, ќе бидат во изолација. Учениците од класот чекаат инструкции од епидемиолозите.

— реклама —

Првите случаи на позитивни ученици беа забележани во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во скопски Аеродром, како и во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во населбата Кисела Вода каде двајца ученици пројавиле симптоми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања