Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Српската демократска лига го одржа првиот конгрес и ги формираше Централниот и Надзорниот одбор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library26lnjaben3i5cZAAinc

Во преполната сала на Македонската филхармонија синоќа се одржа првиот изборен конгрес на Српската демократска лига, на кој делегатите едногласно ја поддржале одлуката за формирање на Централниот и Надзорниот одбор. Информацијата ја објави Саша Богдановиќ.

На конгресот бил усвоен и предлог-договорот за коалиција, со што, според Богдановиќ, биле поставени темелите за идното политичко дејствување на партијата.

— реклама —

Тој посочи дека формирањето на Српската демократска лига не претставува само создавање нова политичка сила, туку и обновување на соработката и традицијата на првата Српска лига, основана во Скопје во 1908 година.

— реклама —
— реклама —

„Со организираност, достоинство и единство ќе го чуваме својот идентитет, истовремено почитувајќи го и идентитетот на другите“, порача Богдановиќ.

— реклама —

Тој упати благодарност до потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка од Србија, како и до претставниците на македонските политички партии и јавниот живот кои присуствувале на конгресот.

Богдановиќ порача дека партијата продолжува со работа, одговорност и посветеност кон српската заедница и Македонија. Во објавата ја заврши пораката со мотото: „Само сложни можемо бити снажни!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-07-02-210504

Богдановиќ им честиташе на студентите, но го пофали Вучиќ: „Покажа дека е вистински господин и државник“

Коментари | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања