„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Српската полиција пребарува пештера за да го најде телото на убиената Данка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
danka2

Припадници на МВР интензивно вршат детален претрес на теренот на територијата на градот Бор во потрага по телото на двегодишната Данка Илиќ, за чие тешко убиство С.Ј.(50) и Д.Д.(50 ), двајцата од Бор, а кои беа уапсени на 4 април годинава,и се осомничени за убиство.

— реклама —

Повеќе од десетина припадници на полицијата на МВР со најсовремена опрема во моментов ја пребаруваат пештерата Лазарева која се наоѓа на околу три километри од селото Злот каде живее осомничениот Д.Д., Кањонот Лазарев, како и целиот простор покрај Злотска река, се пребарува во потрага по телото на детето кое, како што се сомневаат, вториот ден по извршувањето на кривичното дело е тргнато од депонијата кај Бањско Поље и однесено на друга локација.

Припадници на МВР ќе извршат опсежен претрес на територијата на градот Бор со цел да го пронајдат телото на девојчето и да ги утврдат сите околности под кои таа починала.

— реклама —

Да потсетиме, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои беа уапсени под сомнение за убиството на Данка Илиќ, беа сослушани во петокот вечерта, а вчера беа приведени. Драгијевиќ пред обвинителот го признал делото, а Јанковиќ се бранел молчејќи. Потоа на двајцата им беше одреден притвор до 30 дена.

Во меѓувреме полицијата ги уапси Радет и Далибор Драгијевиќ, таткото и братот на Дејан Драгијевиќ, под сомнение дека му помагале да го премести телото на убиената девојка. Тие треба да се слушнат денес.

Дејан Драгијевиќ вчера во придружба на полицијата бил донесен пред куќата во која живее во селото Злот, додека цистерна ја испумпувала септичката јама околу куќата во потрага по телото на Данка Илиќ, но ништо не било пронајдено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-07-at-13.20.14

Ќе се реконструира случајот за исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2024-10-16-092312

„Ќерката ја немаше, го видов автомобилот на Водовод Бор“: објавена целата изјава на мајката на малата Данка

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-17-084111

Протече сведочењето и на таткото на малата Данка

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-11-at-19.51.43

Протече клучна изјава во случајот со убиството на малата Данка, братот на обвинетиот призна се: „Ми кажа каде е телото...“

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања