Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Српски државјани со криминални досиеја задржани на аеродромот во Тиват: Наводно, нивната задача била да го обезбедат Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE
unsplash

Црногорската полиција спроведува безбедносни проверки на група српски државјани кои утрово пристигнале со чартер-лет од Белград на аеродромот во Тиват, во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

— реклама —

Од Управата на полицијата соопштија дека околу 90 лица биле издвоени за дополнителни контроли веднаш по слетувањето на авионот. Според нив, станува збор за дел од засилените безбедносни активности што се спроведуваат поради одржувањето на регионалниот самит.

— реклама —

„Во тек се проверки на лицата и на причините за нивното доаѓање и престој во Црна Гора. Согласно со законот ќе бидат преземени сите потребни мерки, вклучително и рестриктивни мерки доколку постојат законски основи“, соопшти полицијата.

Според дел од црногорските медиуми, меѓу патниците има лица кои се евидентирани како безбедносно интересни и наводно им бил забранет влез во земјата. Истите извори тврдат дека дел од нив би можеле да бидат вратени во Белград со првиот достапен лет.

— реклама —

Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, наведуваат и дека постојат сомнежи оти групата пристигнала во Тиват со задача неформално да го обезбедува престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на самитот. Овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

— реклама —

Полицијата информира дека авионот бил задржан на пистата додека траеле деталните проверки на патниците и најави дека јавноста дополнително ќе биде информирана за исходот од постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пленковиќ со ултиматум до Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 4 дена

media-librarygbuvuiv203t88ECHaBn

Црна Гора ја забрзува европската интеграција, затворени уште две преговарачки поглавја

Балкан | пред 6 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би можела да го потпише договорот за членство во ЕУ во јуни 2027 година

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања