Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Српски државјанин ќе се удавеше во Грција, му се слошило во морето и бил извлечен без свест и без пулс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
plaza-grcija

Драма се одвивала во близина на пристаништето Ставрос кај Солун, каде од морето бил извлечен 29-годишен државјанин на Србија во бесознание и без пулс.

— реклама —

На инцидентот прв реагирал сопственикот на бар во близина на плажата, кој веднаш започнал кардиопулмонална реанимација. Набрзо му се придружиле и членови на Доброволниот спасувачки тим од Волвија.

— реклама —

Со непрекината масажа на срцето и давање кислород, спасувачите успеале да му го вратат срцевиот ритам, по што 29-годишникот почнал повторно спонтано да дише.

Волонтерите продолжиле со укажување помош и презеле мерки за спречување на хипотермија сè до пристигнувањето на мобилната екипа на грчката итна медицинска помош – ЕКАВ.

— реклама —

За време на реанимацијата била користена опрема за итна помош, меѓу која маска за вештачко дишење и автоматски надворешен дефибрилатор (AED).

— реклама —

Екипата на ЕКАВ потоа го презела младиот човек во релативно добра состојба и го пренела во болница, со помош на припадници на крајбрежната стража.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања