Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Српскиот пејач е во болница, не е исклучен притвор за несреќата кај „Табановце“, тој тврди дека не бил пијан или дрогиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
david-nesrekja

Не е исклучено да се бара мерки за обезбедување присуство за српскиот пејач Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, како што е одредување на притвор. Тој моментално се наоѓа во болница, каде му се укажала и лекарска помош поради полесен тип на повреди со кои се здобил. Дали ќе мора да остане во Македонија за да не се попречува истрагата, ќе треба да пресече дежурниот јавен обвинител од Куманово, кој вчера изврши увид по несреќата близу границата „Табановце“.

„Сѐ уште се постапува за расчистување на настанот, штом ќе биде донесена одлука за натамошна постапка ќе има известување“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Засега непознати се и резултатите од анализите на крв направени за пејачот. Обвинителството заедно со МВР работат во нивно изготвување, како и во утврдувањето на одговорноста кај возачот, кој прегази жена која била во автомобил што направил сообраќајна несреќа неколку минути порано.

— реклама —

Истовремено, пејачот Ѓорѓе Давид од болница даде првична изјава за српските медиуми, во која тврди дека анализите покажале дека немал ниту алкохол, ниту дрога во крв.

— реклама —

„Ми земаа урина и крв, за да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај“, изјави Ѓорѓе за „Гранд“ и додаде дека засега останува во Македонија за да ја испочитува законската процедура по несреќата.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.

По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала”

Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа”, велат од Обвинителство.

gjorge-david-1

(Видео) „Жената одеше по патот кога удрив, излетав и застанав во грмушки“ - српскиот пејач сведочи за несреќата кај „Табановце“

Српскиот пејач Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, раскажа за српските медиуми што се случило вчеравечерта пред граничниот премин „Табановце“. Тој сведочи дека удрил во кумановката која одела по патот, а потоа излетал и застанал во грмушки.„Се случи несреќа синоќа на 3 километри пред македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот придружник се симнале и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се судрила со него. Тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена.Според него, девојката која возела автомобил и удрила во нивниот автомобил е згмечена, но со полесни повреди.„Но, нејзиниот сопатник не“ – раскажал пеајачот. Според него, тој прегазил жена која одела по патот, а тој не ја видел.„По несреќата останаа на автопатот, едниот беше на левата лента, другиот на десната, а минута и пол подоцна додека возев со дозволена брзина, налетав на нив и директно ги удрив. Удрив сопатникот, кој се движеше по автопат со мојот автомобил. Беше магла, ги вклучив долгите светла и беше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силна кола, инаку не знам што ќе се случеше со мене“, додава тој.Ѓорѓе посочува дека полицијата брзо дошла да изврши увид и дека врз него биле извршени сите прегледи за да се утврди дека не бил во алкохолизирана состојба.- Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена“, изјавил пејачот за „Гранд“ и додал дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.„Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава, а како што ми рекоа од Обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен“, истакна Ѓорѓе и додаде дека се уште не може да си дојде при себе.„Синоќа имав блага скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол“, кажа тој призна рокерот и ја откри својата состојбa: „Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште“.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања