Српско-црногорската заедница во Албанија,повторно побара од албанските власти 7 јануари Божик да биде прогласен за државен празник. Оваа заедница Христовото раѓање го слави според јулијанскиот календар.
-Продолжуваме со напорите овој ден да биде неработен ден за регоните каде што живеат православни Срби, Црногорци и Македонци кои Божик го слават на седми јануари, а зошто да не биде и државен празник. Албанија е земја со многу национални празници, па дури и празници за обични работи, изјави Павло Јанко, претседател на српско-црогорското здружение „Розафа-Морача“.
Верниците од српска и црногорска националаност по традиција Хрстовото раѓање го дочекаа во црквата „Св. Троица“ во селото Врака во Голема Малесија, кај Скадар, област населена главно со припадници на овие две етнички заедници.
Со свечената литургија чиноначалствуваше отец Предраг Сепановиќ делегиран од Црногорската православна црква.
Според здруженито „Розафа-Морача“ во Албаноја, главно во северниот дел, живеат над 40 илјади Срби и Црногорци.