Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Српското МНР реагира на нападите од Црна Гора: „Вучиќ не сака да слави одвојување на две братски држави“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
media-library92amidutjmj865s26Ra

Министерство за надворешни работи на Србија реагираше на критиките кои доаѓаат од Црна Гора кон српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека Подгорица без причина создава повод за јавен напад и им нанесува штета на меѓудржавните односи.

Во соопштението се наведува дека Вучиќ „не упатил ниту еден навредлив збор“ кон Црна Гора, туку изнел легитимен став дека не сака да ја слави разделбата на „две блиски и братски држави“.

— реклама —

Од српското МНР порачаа дека Србија уште во 2006 година без одлагање ја признала независноста на Црна Гора и воспоставила дипломатски односи, со што, како што наведуваат, покажала почит кон нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и европски пат.

„Тоа не значи дека Србија треба да молчи пред обидите да се избрише или релативизира историската вистина и фактите“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Белград истакнува дека Србија и Црна Гора со векови биле дел од иста држава и имале заедничка историја, народ и судбина.

— реклама —

Во соопштението се додава дека Вучиќ не ја оспорувал црногорската независност, туку укажал дека таа не смее да биде изговор за негирање на српскиот идентитет, култура, јазик и вера на дел од граѓаните во Црна Гора.

„Неприфатливо е секое потсетување на заедничката историја или загриженост за положбата на Србите во Црна Гора да се претставува како ревизионизам или мешање“, наведува српското МНР.

— реклама —

Од Белград порачаа дека Србија останува посветена на развојот на добрососедски односи со Црна Гора, засновани на рамноправност, меѓусебна почит и немешање во внатрешните работи, но оценија дека таквите односи не можат да се градат врз „селективно толкување на историјата и реторика што поттикнува конфронтација“.

На крајот од соопштението се наведува дека одбележувањето на обновата на црногорската независност треба да биде можност двете држави да се насочат кон заедничка европска иднина „во која Србите и Црногорците ќе живеат како браќа, а не како странци“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 2 дена

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 2 дена

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Студенската листа го избра Чупиќ за претседател на српското Собрание

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања