ССМ бара 600 евра минимална плата, добива, и истата ја одбива, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library5c8tnh27qmkf5alQAFO

Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДС. Протестите на ССМ, поддржани од СДС и Левица, покажаа дека не се поддржани од работниците, кои веќе се свесни дека некој од врвот на ССМ јасно ги искористува, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов, Иван Пешевски и Трпе Деаноски, кои земаат по над 80.000 денари плата од работниците и дополнителни додатоци во висина над милион денари во само една година, добиени од џебот на работниците, не го прифаќаат новиот колективен договор со кој минималната плата на административните службеници ќе се искачи до 600 евра за само две години од денес.

Предлогот од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40% или над 10.000 денари до 2028 година, не е прифатлив од ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски, само затоа што не сакаат да го потпишат новиот колективен договор предложен од Владата, со којшто работниците ќе добиваат зголемување на платите според Законот за минимална плата и додатно 8% на добиената сума со што би се дошло до зголемување од 40% до 2028 година.

— реклама —

Да резимирам, ССМ бара 600 евра минимална плата, добива, и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и повеќе и истата ја одбива. Само затоа што се политички заробеници на оние што ги поставиле да бидат таму а тоа е СДС.

Ги повикуваме ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски да ги оттргнат канџите во кои се заробени од СДС и Левица и да го прифатат предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 600 евра минимална плата за административните службеници во 2028 година“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања