Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ССМ предупредува: Платите не го следат растот на трошоците за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Македонија
SSM-696x419

Вредноста на Синдикалната минимална кошница во ноември 2026 година изнесува 70.827 денари, што е зголемување за 469 денари во споредба со октомври, кога за покривање на основните месечни потреби на едно семејство биле потребни 70.358 денари.

Ова го соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) преку објава на својата официјална Фејсбук-страница, посочувајќи дека трошоците за живот продолжуваат да растат, со што дополнително се зголемува притисокот врз семејните буџети.

— реклама —

Според пресметките на ССМ, доколку едно семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребните месечни средства за покривање на основните животни трошоци во ноември достигнуваат 86.202 денари.

— реклама —

Од Синдикатот предупредуваат дека растот на трошоците за живот сè потешко го следи растот на платите, поради што работниците имаат сè помала куповна моќ.

„Не е доволно платата да се зголеми на хартија, ако секој месец во продавница работникот може да купи сè помалку“, порачуваат од ССМ.

— реклама —

Од Синдикатот потенцираат дека зголемувањето на платите треба да обезбеди реално подобрување на животниот стандард, а не само номинално зголемување на приходите, додека основните производи и услуги продолжуваат да поскапуваат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

market-pari

Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари, за еден месец поскапела за 469 денари

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 2 месеци

SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 3 месеци

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања