Промени тема
Контакт

Стабилно и сончево време со слаба магла во котлините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Според најновата информација од УХМР, денес во земјава се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови по пониските котлини и речните долини имаше појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

— реклама —

Максималните температури денес се движат од 7 степени на Попова Шапка, 10 во Крушево, 12 во Берово, Маврови Анови и Лазарополе, 13 во Охрид, Претор и Виница, 14 во Крива Паланка и Прилеп, 15 во Тетово, Штип и Гевгелија, 16 во Скопје–Зајчев Рид, Велес, Битола, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, додека во Скопје–Петровец ќе достигне 17 степени. Во Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 84 cm.

— реклама —

До крајот на денот ќе продолжи ведро со мала до умерена локална облачност, додека долж Повардарието ќе дува слаб југоисточен ветер.

— реклама —

За утре се очекува слично време: сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на магла, а ветерот ќе биде слаб од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 6 степени, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје минималната температура ќе падне до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

— реклама —

УХМР предупредува дека утрата ќе останат постудени, со услови за слаба магла во пониските котлини, додека стабилното и релативно топло време ќе продолжи и во наредните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Сончево, но нестабилно попладне: Се очекуваат пороен дожд, грмежи и град

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Најмногу дожд во Крива Паланка – измерени 30 литри на метар квадратен

Македонија | пред 1 месец

media-librarybnsrphbu13gb4yPqQof

Топло време со температури до 38 степени, попладне можна нестабилност

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Денес сончево и многу топло, температурата ќе достигне до 39 степени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања