Промени тема
Контакт

Стабилно и суво време со ладни утра, вистинската зима пристигнува по 25 декември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
50151295_208183653469774_2950459480845844480_n_208183646803108

Во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време, со ладни утра и дневни температури кои ќе бидат над просекот за месец декември. Земјата и понатаму е под влијание на висок воздушен притисок – антициклон кој се протега од југ, поради што времето ќе биде претежно тивко, без ветер и без врнежи.

— реклама —

Во утринските и ноќните часови, особено по котлините, ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а во текот на денот ќе се задржува умерена до значителна облачност, но без дожд или снег. Слична временска состојба ќе преовладува и во Скопје и околината, каде маглата и ниската облачност ќе бидат честа појава во одредени делови од котлината.

— реклама —
— реклама —

Минималните утрински температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со појава на мраз и слана, додека максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 13 степени Целзиусови, што е над вообичаените вредности за овој период од годината.

— реклама —

Според најавите на Метеоаларм, од католички Божиќ на 25 декември се очекува промена на временската состојба и крај на натпросечно топлото време. Тогаш се најавува продор на значително постуден воздух, со услови за вистинска зима, снег и многу ниски температури во Европа, на Балканот и во Македонија. Актуелните прогнози укажуваат дека зимското и студено време ќе продолжи и за време на новогодишните празници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 1 седмица

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања