Промени тема
Контакт

Стан од 45 квадрати во Кисела Вода продаден за 130.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
zgrada-stan

Во првите три месеци од 2026 година, највисоката постигната цена за стан по квадратен метар изнесувала 2.888 евра, а станот бил продаден во Кисела Вода. Станува збор за стан од 45 квадратни метри, продаден за вкупно 130.000 евра.

— реклама —

Податоците се наведени во Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, кој ги опфаќа месеците јануари, февруари и март годинава.

— реклама —

Според извештајот, во првиот квартал биле евидентирани 712 новоизградени станови или станови од инвеститор, што е за 29 проценти помалку во споредба со последниот квартал од 2025 година.

Во истиот период, бројот на продадени станови е намален за 27 проценти, а вкупната финансиска вредност на продажбите бележи пад од 23 проценти. Намалување има и кај продажбата на куќи, земјоделско земјиште и деловни простори.

— реклама —

Најмногу продадени станови се регистрирани во Аеродром, каде што биле реализирани 193 продажби, додека најмногу куќи, вкупно 54, биле продадени во Битола.

Вкупната вредност на пазарот на недвижности во првиот квартал од 2026 година изнесува 276,3 милиони евра, што е намалување од 12,4 проценти на квартално ниво. Во периодот од 1 јануари до 31 март биле регистрирани 7.757 трансакции, што претставува пад од 16,4 проценти во споредба со претходниот квартал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykcn260sq0kuudzkjBTb

Становите сè поскапи низ ЕУ: Бугарија со најголем раст на цените

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7hfluvanadlp0wIGaWm

Младите Европејци сè потешко до сопствен дом: цените на становите растат побрзо од приходите

Свет | пред 2 седмици

media-librarypffsujuo64vi54qnO41

Од 1.670 евра до над 2.150 евра за квадрат: Становите во Скопје драстично поскапеа

Скопје | пред 1 месец

zgrada-stan

Расте активноста на пазарот на недвижности: Стан во Центар продаден за 168.000 евра

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања