Промени тема
Контакт

Стандардот на граѓаните тоне, а на власта око не и трепнува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0060

Стандардот на граѓаните пропаѓа тоне, а на власта на Заевизмот око не и трепнува, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Цените на мало во декември се поскапени за 6%, поскапени се горивата, цената на струјата за 15%, цената на парното речиси за 15%, што директно влијае врз семејниот буџет на секој граѓанин. Власта на пиунот Ковачевски не презеде ништо тоа да го спречи. Немаше навремена набавка на гас, немаше навремен ископ на домашен јаглен и домашно производство на струја, немаше навремена заштита на пазарот со основните продукти.

— реклама —

Дополнително, буџетскиот дефицит е 7 милијарди и 255 милиони евра или нов долг за секое семејство од почетокот на 2022 година во износ од нови 14.500 денари. Тоа е резултатот на заевизмот, на кој во ек на економска, здравствена и енергетска криза прв приоритет му е набавка на златен прибор за пиунот Ковачевски.

Криминалот на заевизмот, поради кој и оваа година Македонија е рангирана како една од најкорумпираните земји во Европа, државата ја закова на дното по странски инвестиции и економски раст во целиот регион.

— реклама —

Расте долгот, а економијата тоне.

— реклама —

Тоа мора да престане. Решението е да се раскрсти со заевизмот на предвремени парламентарни избори, и тоа час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања