Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом, инвеститорите ќе издвојуваат 10% од становите за млади брачни парови“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Македонија
media-libraryrfj2hjvr9tro05tlaZP
Magnific

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение најавува две законски мерки со кои младите брачни парови ќе добијат можност да купат стан по цена пониска за 20 проценти од просечната пазарна или да бидат ослободени од плаќање комуналии при изградба на сопствен дом.

— реклама —

Од партијата информираат дека законските решенија се во подготовка и се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието.

— реклама —

Со првиот закон, младите ќе можат да купат стан по цена за 20 проценти пониска од просечната пазарна цена остварена во претходната година. Како пример, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во Општина Центар просечната цена на квадратен метар во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра, а со предвидениот попуст би се намалила на 1.530 евра.

Предвидено е инвеститорите што ќе бараат дозвола за изградба на станбен објект да издвојат 10 проценти од станбената површина за купувачите што ги исполнуваат законските услови. Еден од нив е најмалку едниот од партнерите да има до 35 години.

— реклама —

Вториот закон предвидува ослободување од комуналии за младите што ќе градат сопствен дом. Мерката веќе се применува во одредени општини, а целта е да се прошири на целата територија на Македонија.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со овие мерки сакаат да им го олеснат на младите брачни парови обезбедувањето сопствен дом.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryi4rs14bgl0r0feHuUlJ

Од вторник построги услови за купување втор стан: помал кредит и пократка отплата

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryeac3n600s3k793UbQ83

Првата посета на неговиот стан може да открие многу: на кои детали треба да обрнете внимание

Вирално | пред 1 месец

media-librarykcn260sq0kuudzkjBTb

Становите сè поскапи низ ЕУ: Бугарија со најголем раст на цените

Свет | пред 1 месец

media-library7hfluvanadlp0wIGaWm

Младите Европејци сè потешко до сопствен дом: цените на становите растат побрзо од приходите

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања