Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Стармер: слободната пловидба низ Ормускиот теснец е клучна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryavjp3uhecmhu5lH9WaB

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека обезбедувањето непречена пловидба низ Ормускиот теснец е клучно прашање, по завршувањето на неговата турнеја низ земјите од Персискиот Залив.

Тој посочи дека поголемиот дел од разговорите со регионалните лидери биле насочени кон изработка на „практичен план“ за безбедно движење на бродовите низ овој стратешки важен пловен пат, низ кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта и гас.

— реклама —

„Овој конфликт ќе нè дефинира за цела генерација и мора да одговориме, а и ќе одговориме, со сила“, изјави Стармер.

Премиерот додаде дека со лидерите од регионот разговарал и за концептот на колективна самоодбрана, во услови на зголемени тензии и закани за поморскиот сообраќај.

Во текот на посетата, Стармер остварил и разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, при што, според Даунинг стрит, биле разгледани тековното примирје и потребата од конкретен план за повторно воспоставување на поморскиот сообраќај.

— реклама —

Тој оцени дека сегашното примирје е кревко, но нагласи дека во иднина не смее да има никакви ограничувања или наплата за пловидба низ Ормускиот теснец како дел од долгорочно мировно решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Стармер им даде рок на Apple и Google: Заштитете ги децата од експлицитни фотографии

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Британски медиуми: Стармер сака да се повлече од премиерската функција

Свет | пред 1 месец

media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Стармер одбива да си замине по изборниот дебакл: Нема да ја турнам земјата во хаос

Свет | пред 1 месец

media-libraryavjp3uhecmhu5lH9WaB

Стармер пристигна во Париз на разговори со Макрон за Ормутскиот теснец

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања