Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Старшип“ успешно стигна во орбитата и распореди 26 сателити, пропадна планот за двојно враќање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 55 минути -

Свет
media-library0hm79nm1lpui5xG67fn

Компанијата „СпејсЕкс“ го реализираше 15. тест-лет на својот вселенски систем „Старшип“, кој полета од базата Старбејс во Тексас на 13 ноември. Мисијата е значаен чекор во развојот на целосно повторно употреблива ракета, а денеска се очекува обид за враќање и фаќање на вселенското летало со механичките раце на лансирната кула.

— реклама —

За време на летот, горниот степен „Шип 42“ успешно се одвои од носачот „Супер Хеви“ и влезе во орбитата на Земјата. Леталото потоа успешно распореди 26 сателити „Старлинк В3“.

Сепак, првиот дел од планираното враќање не се одвиваше според очекувањата. Обидот за враќање и фаќање на носачот „Супер Хеви“ беше прекинат од безбедносни причини, по што тој заврши во Мексиканскиот Залив.

— реклама —

Сега вниманието е насочено кон „Шип 42“, кој треба да се врати по приближно 22 часа поминати во вселената. Предвидено е леталото да направи околу 14 обиколки околу Земјата, а обидот за фаќање ќе биде реализиран само доколку проверките потврдат дека сите системи се во соодветна состојба.

— реклама —

Доколку обидот биде успешен, тоа ќе биде прво враќање и фаќање на горниот степен на „Старшип“ со механичките раце на лансирната кула. Досега „СпејсЕкс“ успешно го враќаше и фаќаше носачот „Супер Хеви“, но не и вселенското летало по орбитален лет.

Целта на компанијата на Илон Маск е да развие ракетен систем чии два степена ќе можат да се враќаат и повторно да се користат, што би овозможило почести и поевтини вселенски мисии.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања