Промени тема
Контакт

Ставање на хармоникаш на чело на РЕК е гума за спасување за Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Ставање на хармоникаш на чело на РЕК е гума за спасување за Ковачевски и одбегнување на одговорност. Новопоставениот директор на РЕК Битола Пеце Матески пред само неколку месеци беше поставен за директор на Термоелектраната, во која во изминатиот период се случија најголем број на хаварии велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на директорската смена во РЕК Битола.

— реклама —
— реклама —

-Матески од претходно работно искуство има искуство како комерцијалист на гуми за џвакање и како хармоникаш по кафеани и ресторани. Деградирачки е РЕК да го води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа. Опасност по безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет наместо енергетичар од праска да имаме хармоникаш. 16.5 милиони евра треба да се платат за злоупотреби од европската мрежа за само еден месец. 11 милиони се потрошени за набавка на струја, плус уште 12.1 милиони евра за десетневен париод. Огромни суми на пари се трошат без план, а како што стојат работите нема ниту кој да го направи планот за излез на државата од енергетската криза, се вели во соопштението од партијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања