Промени тема
Контакт

Ставовите на членовите на Историската комисија да не се толкуваат како државни позиции, вели МНР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mnr-5-1

Министерството за надворешни работи преку соопштение порачува дека ставовите на членовите на Заедничката комисија за историски и образовни прашања не треба да се толкуваат како државни позиции.

„Работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година.

— реклама —

По последните јавни настапи на претставниците на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата преставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година.

Соодветно на најновата иницијатива на двете држави, потврдена во рамките на заедничката седница на двете Влади, за проширување и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области, ја поздравуваме одлуката на двајцата копретседатели на Комисијата за интензивирање на динамиката на работата на Комисијата, со цел надминување на разликите за најчувствителните прашања.

— реклама —

Ја разбираме потребата на членовите на Комисијата, особено на нивните копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите притоа не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете Влади.

— реклама —

Оттука двете Влади уште еднаш ги повикуваат сите фактори, вклучувајќи ги ука и членовите на Комисијата за историски прашања, за одржување на веќе договорената динамика на активности, која соодветствува со новиот интензитет на засилена комуникација меѓу двете држави, со цел да се искористи новиот моментум за соодветно надминување на разликите меѓу двете земји и откочување на процесот на европски интеграции на Северна Македонија“, велат од МНР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања