Промени тема
Контакт

Ставревски на овој ден не исфрли од Собрание, а денеска е раководител во ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
stavreski

24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, велат од СДСМ.

„Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи.

На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка новинарите и снимателите од пленарната сала на Собранието, а потоа на насилен и подмолен начин, злоупотребувајќи го собраниското обезбедување и полицијата, ги исфрли од салата и пратениците на СДСМ.

24 декември 2012 е вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ која кулминираше со обидот за убиство на пратеници и новинари во Собранието на 27 април 2017 година.

— реклама —

Денес, девет години подоцна во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето.

Зоран Ставревски човекот кој на 24 декември 2012 го даде налогот за исфрлање на пратениците од опозицијата, денес повторно е во раководните структури на партијата, а неколку градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се поранешни осудени лица за криминал и насилство.

— реклама —

24 декември не смее никогаш да се повтори.

Со демократските промени и преземањето на одговорноста од страна на Влада и мнозинство предводени од СДСМ демократијата се врати во македонското Собрание.

— реклама —

Буџетот се носи во демократска атмосфера, со конструктивна дебата и прифаќање на забалешки и амандамани од опозицијата.

Тоа е голема разлика каде беше нашата татковина тогаш а каде е денеска, што значи слободно и демократско општество кое работи за своите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања