Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Стефковски: Kaко за само 103 дена се потрошени 11.000.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
boban-stefkovski-gazi-baba11

Денес во јавноста беше отворена темата за склучени договори за улично осветлување од страна на оштина Гази Баба за која градоначалникот Бобан Стефковски беше повикан да се произнесе.

— реклама —

Попладнево, градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на фејсбук по ова прашање го истакна следниот став:

"Денес во јавноста е отворена темата околку трошењето на средствата од буџетот на општина Гази Баба по однос на уличното осветлување во која и јас како градоначалник сум повикан да се произнесам. Вистината е следна:

— реклама —

Точно е дека општина Гази Баба на 19.05.2021 година имала склучено два договори за оддржување на уличното осветлување и еден договор за изградба на нови линии во висина од 11.000.000 денари.

Точно е дека економскиот оператор со кој општината ги имала склучено договорите на 30.08.2021 година, 103 дена по склучување на истите доставил известување дека средствата во висина од 11.000.000 денари по сите три склучени договори се реализирани.

Нејасно е како за само 103 дена се потрошени 11.000.000 денари, за таа цел на 05.01.2022 година формирав комисија која ќе спроведе теренска ревизија, односно ќе направи споредба на фактичката состојба на терен и работите фактурирани до општината.

Постапката е во тек и веднаш по добивање на извештајот истиот ќе го ставам на увид на јавноста.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината бидејќи парите во буџетот на општината се пари на граѓаните" - напиша Стефковски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања