Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Стефковски: Нема веќе листа на чекање за прием во градинка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Stefkovski11112021

Градоначалникот на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски во интервју на Радио Лидер во емисијата „Утро со Златев“ потенцираше дека во урбаниот дел е започнато детално чистење на општината, но и дека е поднесена апликација за изградба на нова детска градинка во Ќерамидница.

Стефковски посочи дека со изградба на четирите детски градинки кои што ги ветил во изборниот период ќе се реши проблемот со кои се соочуваат голем број на жители, а како што нагласи веќе нема да има листа на чекање на дечињата во детските градинки.

— реклама —

Во урбаниот дел започнавме со детално чистење на урбаните средини. Поднесов апликација за изградба на нова детска градинка во Ќерамидница. Во мојата програма имам ветување за изградба на четири детски градинки и тоа во Керамидница, Сингелиќ, Трубарево и Инџиково. Дадов налог за изработка на проекти за сите овие четири градинки и тоа е едно од клучните потреби со кои се соочуваат жителите на општина Гази Баба. Во моментот имаме 400 дечиња кои што чекаат на листа за упис во детските градинки и мораме ова прашање да го решиме, вели Стефковски.

— реклама —

За жал изминатиот период од оние информации кои што ги добивав лично до граѓаните голем број од млади брачни парови кои што имаат дечиња одлучуваат едниот родител да ја напушти работата за да може да се грижи за своето дете затоа што на листата за во градинка било на чекање подолго од 6 месеци или една година. Ова е жалосно и тоа ние клучен приоритет кој што треба да го реализираме во наредниот период, рече Стефковски.

— реклама —

Со овие четири градинки комплетно ќе ги задоволиме потребите на граѓаните и веќе листата на чекање нема да има, нагласи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања