Со повик за заштита на охридскиот регион, министерката за култура Ирена Стефоска се обрати до присутните во Античкиот театар на отворањето од “Охридско лето”. Стефоска порача дека во Охрид треба да се доаѓа со респект, бидејќи градот не е забавен парк.

“Охридско лето ја надмина фестивалската улога, стана македонски бренд кој го проби патот до светска претпознатливост. Тоа не само што трае туку ни го дава најдоброто од себе. Ниту Охрид без Охридско лето, ниту Охридско лето без Охрид. Затоа повикувам, доаѓајте со респет во Охрид, тој не е забавен парк. Посетете ја питомата Струга, тоа не е само уште еден град. Прошетајте ја живописната Дебрца, таа не е депонија. Искачете ја Галичица, таа не е само уште една планина. Крајбрежјето е мир, а не бетонски рај. Охридското Езеро е редок дар, не е базен. Тапијата е во наши раце, мораме да ја сочуваме. Мораме да ја сочуваме, не поради УНЕСКО, туку поради оставениот аманет. Одиме бавно како Влада, тоа е факт. Но не застануваме. Сѐ пред тоа и сѐ потоа е само лето”, рече Стефоска на отворањето.
