Македонскиот народен театар соопшти дека актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Јавноста со неверување, се простува и споделува мислења за него. Министерката за култура, Ирена Стефоска, изрази сочувство преку социјалните мрежи.
„Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша. Славиша Кајевски (1982 – 2021)“, напиша Стефоска.
Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот
Македонскиот народен театар соопшти дека актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот.Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш в
Македонија | пред 4 години
„Зошто бе Славиша, зошто?“, прашуваат колегите и се простуваат од актерот кој трагично го загуби животот
Актери и вработени во театрите низ Македонија, но и пријатели, познаници, публиката пред која настапуваше, се простуваат од актерот Славиша Кајевски. Сите се во неверување по трагичната вест која ја објави Македонскиот народен театар, дел од нив и без коментар. Актерката Јелена Јованова напиша: „Зошто Славиша, зошто?“.Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во кла
Македонија | пред 4 години