Стево и Бети ја накитија претседателската елка со деца од ранливите категории

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
267633024_461926721964910_5738886620542382182_n-1

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓеоргиевска ја накитија новогодишната елка во резиденцијата на Водно. Им помогнаа деца од ранливите категории од цела Македонија, но и децата на вработените во претседателскиот кабинет. Тие поминаа неколку часа во смеа и убаво расположение. Прво ја украсија елката, а потоа претседателот им даде новогодишни пакетчиња. Дружењето го завршија со празнична театарска претстава за децата со Дедо Мраз и концерт на гудачки квартет.

— реклама —

„Претпразнични дружби со китење на новогодишните елки во Кабинетот и доделување пакетчиња. Гости и помошници за украсување беа децата на вработените во Кабинетот и децата од дневниот центар во Тетово, ДСУРО ‘Наум Охридски’, СОС Детско Село, ‘Трисомија 21’, ЈУДГ ‘Детска радост’“, напиша претседателот и објави слики на Фејсбук.

— реклама —

Во денот поминат кај претседателот Пендаровски, најмногу се забавуваа најмалите. Освен што уживаа додека ја китеа новогодишната елка со Бети и Стево, тие аплаудираа најсилно додека траеше претставата.

— реклама —

„Ова е одлична можност за споделување заеднички мигови. Во пресрет на празниците да се потсетиме на потребата од заедништво, спокој и радост“, додаде претседателот.

/267759333_461927035298212_8400056333535434906_n" rel="attachment wp-att-153461">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања