Промени тема
Контакт

Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
stevo-pendarovski-1

Стево Пендаровски е претседателски кандадат на СДСМ и ДУИ за претстојните избори закажани за 21-ви април.

Заев истакна дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатиле Пендаровски како претседателски кандидат.

Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.

Стево Пендаровски е македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

— реклама —

По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.

— реклама —

Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.

— реклама —

Стево Пендаровски е дипломиран правник на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на истиот Универзитет, на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања на тема “Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици”. На истиот Институт докторира на тема “Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс”.

Од 2008 година навака, е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања