Промени тема
Контакт

Стево Пендаровски и Вјоса Османи разговараа за зголемување на соработката на повисоко ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-2

Во рамки на учеството на процесот Брдо - Бриони, во Брдо кај Крањ, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.

Претседателот Пендаровски упати честитки до претседателката Османи за стапувањето на функцијата и изрази подготвеност за засилена соработка на највисоко ниво во следниот период.

— реклама —

На средбата соговорниците го реафирмираа интересот за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес и порачаа дека продлабочувањето на добрососедските односи меѓу двете земји ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот.

Покрај ова, беа разменети мислења за актуелностите поврзани со евроинтеграцијата, процесот на вакцинација и справувањето со последиците од пандемијата на Ковид 19 во двете земји.

Од своја страна, претседателот Пендаровски ги поздрави најавите на новото косовско раководство за сеопфатна борба против организираниот криминал и корупцијата, подвлекувајќи дека таквиот процес ќе даде огромен придонес, како за развојот на Косово, така и за целиот регион.

— реклама —

Соговорниците разговараа и за најновите моменти на дијалогот помеѓу Косово и Србија, при што претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека тоа е дијалог помеѓу две суверени држави и дека секој постигнат резултат треба да биде насочен кон зајакнување на регионалната стабилност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања