„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Стевоски: Јован ни го остави Константин оверен со потпис како аманет во политички тестамент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Политички активниот поранешен кандидат за градоначалник,  Стевоски Стево вели дека лобистите, политичките мешетари и советниците кои деновиве реализираат активности за погазување на вољата на прерано починатиот Градоначалник околу назначувањето на негов заменик треба да се појават сами на избори и да видат колку тежат, или како што вели нетежат и лебдат кај гласачите.

— реклама —

„Покојниот Градоначалник назначил свој заменик додека бил жив. Тој ставил своерачен потпис на документ со кој оставил свој заменик. Тоа е своевиден политички тестамент. Тоа е нешто како аманет, оставен со потпис и заверен со печат. Тој тестамент сега група ситни души од СДСМ, ангажирани од канџите на бизнис олигархијата која со децении го закопува Охрид мешетари да го избрише и по секоја цена да стави свој човек кој ќе владее со Градот, па макар тоа да е и само 20 работни дена до 10 февруари.

Тоа покажува на кое дереџе сме спаднале со тие кои имаат право да одлучуваат за нас, кога ја газат искажаната воља на Градоначалникот додека бил жив, ја газат вољата на народот кој на изборите го избрал Градоначалникот да одлучува, и уште еднаш ја газат вољата на народот кој на истите избори ја изгласал листата на која носител беше Константин Георгиески со над 15 000 гласа. Зар мислите дека покојниот Стојаноски не зел во предвид колку гласа освоила листата кога се одлучил да го именува Константин за свој заменик ? Ова е жална вистина за нашиот град, за нас како луѓе или нелуѓе. . . Но народот сето ова го гледа и кој мисли дека не знае народот што се случува нека си прави Бајрам на умот на некоја си кадрова комисија. “ - вели Стевоски и ги повикува советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да бидат достоинствени , да покажат морал и почит и да ја исполнат довербата која покојниот Градоначалник Јован Стојаноски ја имал кон Константин Георгиески.

— реклама —

Стево Стевоски на последните избори беше независен кандидат кој во дискусиите најмногу ја напаѓаѓе бизнис транзициската олигархија за која тврдеше дека го уништила Охрид, но и партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кои исто така тврдеше дека се општествени штеточини кои не донеле ништо добро за чесните луѓе.

ВМРО ДПМНЕ наскоро ќе обелодени дека нема намера да ја гази вољата на покојниот Градоначалник и дека тие нема да се противат Константин Георгиески да биде в.д. Градоначалник на Охрид до следните избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања